Со години насмевката станува се помала и помала. Голема улога во тоа игра потсвеста која испраќа сигнали дека забите со години се погрди, и дека широката насмевка е резервирана исклучиво само за младите луѓе. Но, дали тоа навистина е така?
Широката и ведра насмевка остава впечаток на добро здравје и задоволство. Тоа секако е нешто со што сите сакаат да зрачат. Меѓутоа, за таква насмевка потребна е постојана дентална нега. Притоа не мислиме само на редовно миење на забите кои подразбира и редовна посета на стоматолог, туку и на останатите ситници кои малку по малку ја нарушуваат убавината на насмевката. За да не се случи тоа, Ви нудиме неколку совети за вечна блеската насмевка на Вашето лице.
Внимателно со јаглено хидратите

Забите и непцата не ги уништиваат само слатките, туку и другите јаглено хидрати. Моќеби мислевте дека пржените копирчиња не се штетни за Вашите заби, но сте се излажале. Имено, јаглехидратите лесно се претвараат во едноставни шеќери кои создаваат бактерии во усната шуплина. Тие бактерии најпрво ги уништуваат непцата, а потоа и забите. За да не се случи тоа, намалете го внесот на јаглено хидрати и јадете ги само со главните оброци, но никако меѓу оброци. Кога јадете поголема количина на храна, се создава поголема количина на плунка која помага за подобро испирање на усната шуплина од храната.
Внимателно со соковите

Познати светски стоматолози советуваат никогаш да не миете забите веднаш после пиење на слатки и газирани сокови. Зошто? Кога киселината од таквите сокови ќе дојде во допир со пастата за заби и силното четкање, доаѓа до уништување на забната глеѓ. Значи, откако ќе се напиете газиран сок, немојте веднаш да ги миете забите, најпрво каснете нешто или џвакајте гума за џвакање за плунката да ја исчисти усната шуплина од киселините.
Зголемете го внесувањето на витаминот Ц

Витаминот Ц ги држи заедно клетките, а тоа е многу важно за здравите непца. Луѓето кои внесуваат дневно помалку од 60 милиграма витамин Ц во организмот, често имаат проблеми со непцата, а со самото тоа и со забите. Ако сакате здрава и убава насмевка, не заборавајте на витемиот Ц. Можете да го внесувате по пат на храна или во вид на дражеи/апчиња.
Пијте чај

Антиоксидантите се добри за забите и непцата. Црниот и зелениот чај се богати со антиоскиданти и ќе го заштите здравјето на Вашата усна шуплина. Освен тоа, чајот помага и при ублажување на непријатниот здив од устата затоа што спречува настанување на бактерии кои го предизвикуваат тоа. И останатите чаеви ги содржат состојките кои помагаат при зачувување на забите и непцата, па затоа стоматолозите препорачуваат барем една шолја чај дневно.
Дневно барем едно јаболко

Јаболкото е многу здраво за забите и непцата. Имено, ваквото овошје и зеленчук како на пример јаболкото и морковот, имаат улога на четкичка за заби додека ги џвакате. Таквите намирници особено се препорачуваат на пушачите и на оние кои пијат многу кафе. Состојките во јаболките не само што ги чистат забите, туку и им го враќаат сјајот. Значи, дневно изедете барем едно јаболко. После тоа испијте чаша вода и немојте веднаш да ги миете забите. Оставете јаболкото, но и останатото овошје или зеленчук да го направат своето.
Бакнувајте се

Во бакнежот со партнерот или партнерката веројатно уживате поради некои други причини, но добро е да се знае дека тоа помага во зачувувањето на блескавата насмевка, Имено, бакнувањето поттикнува зголемено лаќење на плунка во усната шуплина која ги уништува сите бактерии. Ако моментално немате со кого да се бакнувате, не очајувајте. Слично делување имаат и гумите за џвакање без шеќер.
