Дестинации

Леден бар во горештините

Во екот на летото во Менхетен е минус 5 степени, барем за посетителите на новиот “леден бар”. “Минус 5” е името на новата установа, која веќе стана хит во Њујорк.

Во неа не само sидовите,туку и масите и столиците се направени од мраз.

“Идејата е инспирирана од ледениот хотел, кој стана многу популарен во Европа,  изјави Ноел Бауман, кој е претставник на “Минус 5”.

Барот е изграден за три недели. Можете да го посетите, облечени во летна облека, бидејќи на лице место под наем можете да добите ракавици, јакни и ќебиња.

 

Write A Comment