Најефикасен и докажан метод при изгореници од сонце е употребата на ладни облоги со кисело млеко. Подготовката на овие облоги е многу едноставна. Во сад се става кисело млеко и коцки мраз, се чека 7-8 минути да се излади киселото млеко и со помош на памук, се зема од смесата и се става на проблематичните делови. Оставете да делува 5-6 минути.
Најдобро е да го започнете третманот на оние делови од кожата кде што се забележуваат најсилни изгореници или имате силна болка. Присуството на мастите, белковините и киселината на Ph на млекото имаат смирувачко и антиинфламаторно дејство врз кожата.

Многу вода
Прекумереното изложување на сонце води до трошење на голема количина на вода што се користи за ладење на телото и заштита од прегревање.
Потребно е да превземете мерки поврзани со рехидратација на телото, односно усвојување на дополнителни количества вода. Тоа уште повеќе се препорачува кога имате изгореници. Дехидрираната кожа многу бргу старее и е подложна на хемиски или физички влијаниа од околината, не дозволувајте вашата кожа да страда!
