Мојата кујна

Торта со малини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца

9 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

7 лажици масло

10 лажици брашно

1/3 пециво

1 лажица какао во прав

10 лажици млеко

2 лажици мармалад или желе од малини

100-150гр малини

200мл слатка павлака за шлаг

250гр јогурт

2 лажици шеќер во прав

Неколку капки екстракт од лимон

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги пенасто жолчките , шеќерот и шеќерот од ванила. Постепено додавајте го маслото и млекото, а на крајот и брашното, пецивото и какаото. Од белките изматете чврст снег и со лажица измешајте го во смесата. Смесата ставете ја во калап за овошна торта кој предходно ќе го премачкате со малку маргарин и брашно.  Печете на 180 степени во предходно загреана рерна. По 15 минути, кога тестото ќе почне да се одвојува од калапот, извадете го од рерна. Изладениот колач превртете го на чинија, премачкајте го со мармалад и рамномерно врз него распоредете ги малините. Врз малините премачкајте го кремот добиен од чврсто изматената слатка павлака за шлаг, шеќер во прав, екстрактот од лимон и јогуртот. Украсете по желба и оставете го да одстои на ладно барем уште два часа.

Write A Comment