ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-600мл млеко
-4 лажици гриз
2 лажици шеќер
-1 кафена чаша мелени ореви
-2 лажици како
-30гр путер
-1/2 кора од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете 500мл млеко да зоврие. Постојано мешајки, додавајте го шеќерот и гризот. Варете 5-6 минути додека да се згусне. Штом го извадите од огнот, додадете ги оревите и ставете го гризот во чашки навлажнети со вода.
Одделно растопете го какаото на умерен оган, останатот млеко, путерот и една лажица шеќер. Додадете ја и ренданата кора од лимон. Откако ќе зоврие и почне да згуснува, тргнете го од огнот.
Чашките со гриз се превртуваат на чинија и врз нив се додава припремената смеса од какао.
Пријатно!

