Проширените вени може да се појават насекаде по телото, но најчесто ѓи зафаќаат областите кај нозете и стапалата.
Тие може да бидат прилично болни и да предизвикуваат бројни непријатности.
Многу луѓе не веруваат или се незадоволни од конвенционалните методи на лекување на проширените вени и прибегнуваат кон алтернативните методи, кои не кријат несакани дејства и ризици по здравјето.
Акупунктурата и акупресурата можат да имаат многу добра акција за ублажување и намалување на непријатноста при проширени вени. Умерениот притисок за околу десет минути дневно е сосема доволно да се спречи влошувањето на состојбата и да се подобри визијата на нозете.
Ароматерапијата исто така може да биде многу ефикасна при проширени вени. За таа цел измешајте 12 капки етерично масло од чемпрес и здравец и додадете ги во 113мл сончогледово, бадемово или масло од соја.
Нанесете ја внимателно смесата на нозете почнувајќи одоздола нагоре, во правец кон срцето. Важно е да се избегнува дирекна масажа на вените.
Употребата на масло од рузмарин исто така може да помогне за стимулирање на циркулацијата. Маслото од камилица го смирува отокот и воспалението и го ублажува непријатното чувство.
