ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лажица масло
4 тиквички
1 црвена лута пиперка
350мл доматен сос
Лук
Кромид
400гр морски плодови
4 свежи кори за лазања
3 лажици рендан пармезан
3 лажици лебни трошки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загреете ребреста тава и намачкајте ги тиквичките со малку масло. Ставете ги во тавата додека дапоруменат. Додадете сол и бибер, малку лута пиперка и оставете ги настрана. Сецканиот лук и кромид пржете ги во масло, додадете од лутата пиперка, сосот од домати и морските плодови. Загреете ја рерната на 200 степени. Додадете малку од сосот од домати во огноотпорен сад, потоа ред тиквички, па покриете со кората за лазањи, потоа уште една кора и сос од домати и завршете со останатите тиквички. Наросете со пармезанот и лебните трошки и печете 20-30 минути.
