Motherhood

Советите за мажите кои еден татко и ги даде на својата ќерка го потресоа светот!

Сигурно сте забележале дека кога ќе се соберат неколку жени на едно место вечната тема се “мажи”. Oсобено ако жените се слободни, ова правило важи со полна сила.

Како да го восхитиме, како да го добиеме, како да го задржиме… Во секое од овие прашања се проsира едно основно нешто – тој! Господинот, чие внимание треба да биде грабнато и задржано. Таму е работата, но сепак недостасува личноста на жената. А од неа почнува се…

Погледнете што еден татко сподели со својата ќерка! Ова писмо стана екстремно популарно за многу кратко време. И ако го прочитате, драги девојки, ќе дознаете и зошто…

“Кукло моја,

Овие денови баравме нешто со мајка ти на Гугл. Во средината на зборот Гугл се појави листа на најбараните фрази со него во светот. На врвот пишуваше “Како да го задржам заинтересиран?”.

Тоа ме порази. Разгледав неколку од безбројните статии на темата “Како да бидеме секси?”, “Кога да му донесеме пиво наместо сендвич?” и “Начините да го натераме да се почувствува паметен и значаен”.

Малечка моја, не е, никогаш не била и никогаш нема да биде твоја работа да “го задржиш заинтересиран”.

Малечка моја, единствената твоја задача е длабоко во душата да знаеш дека си интересна. (Ако можеш да запомниш дека секој човек сам по себе е исто така интересен, битката на животот ќе ти биде во голема мера освоена. Но тоа е писмо за некој друг ден).

Ако на овој начин веруваш во сопствената вредност, ти ќе бидеш привлечна во најважната смисла на овој збор: ќе успееш да привлечеш момче кое не само што ќе биде во можност да пројавува интерес, туку ќе биде подготвен да го инвестира целиот живот во интерес кон тебе.

Малечка моја, еве што сакам да ти кажам за тоа момче, кое нема потреба да биде држено заинтересирано, бидејќи тоа ќе знае дека си интересна:

Не ме интересира дали ќе ги става лактите на масата за време на јадење – под услов да гледа како носето ти се брчка кога се смееш. И да не може да го одвои погледот од тоа.

Не ме интересира дали ќе може да игра голф со мене – доколку си игра со децата кои ќе му ги подариш, и ужива со нив бидејќи тие се исти како тебе.

Не ме интересира дали ќе го следи татко му – под услов да го следи срцето и тоа секогаш да го води назад кај тебе.

Не ме интересира дали е силен – се додека ти дава простор да ја вежбаш силата, која е во твоето срце.

Уште помалку ми е гајле за кого гласа – под услов да се буди секое утро и да гласа секој ден за вас, избирајќи ја почитта кон вас.

Не ме интересира бојата на кожата – се додека ти го разубавува животот со трпение и нежност.

Не ме интересира дали е воспитан во оваа или онаа религија или воопшто без религија – под услов да е воспитан да го цени и негува секој миг од животот и секој миг од животот со тeбе.

И на крај, малечка моја, ако сретнеш таков маж и се покаже дека тој и јас немаме ништо заедничко, тогаш ние двајца со него ќе имаме нешто најважно: Тебе.

На крајот на краиштата, малечка моја, единствено нешто што треба да направиш за да “го задржиш заинтересиран”, е да бидеш себе.

Твојот вечно заинтересиран за тебе,

Татко ти”.

Write A Comment