
Ријана продолжува да ги забавува своите фанови на друштевените мрежи. Пеачката од Барбадос поставила фотографии на кои носи златни обетки во облик на пиштол.
Ријана е позната како љубител на “гангстерски”стил. Минатиот викенд таа настапи во Лондон, заедно со Џеј Зи. Концертот привлече големо внимание, а Ријана од зад сцената постави фотографија на која се гледа како долните заби ги украсила со дијамантски навлаки.

