Убавина

Пет идеи за „парти“ фризура со спектакуларни додатоци за коса

Брзате, немате време да отидете на фризер…Единствено што ви преостанува е варијантата „направи си сам.“

Драги дами, ова е лесно – единствено што ви треба е малку фантазија, да додадете некој ефектен аксесоар и парти фризурата е готова! Ви представуваме 5 уникатни идеи за парти фризури, кои можете сами да си ги направите навистина лесно и брзо.

„Ѕвезда на вечерта“ – Единствено што треба е да поставите гламурозна диадема, косата може да биде слободно пуштена или да биде небрежно собрана.

„Вистинска „дива“ – Што да кажеме за нетрадиционалниот, секси и малку хипи стил, со благо агресивен изглед, но гарантирано нема да останете незабележана на забавата!

Елегантно-небрежна – Се што ви е потребно за оваа интересна фризура се чешел, лак за коса и неколку шноли.

Екстремен страничен ефект – Пуштете ја слободно косата да паѓа и декорирајте со ефектна шнола. Колку поголема, толку подобро!

Брза „кокетка“- Интересна фризура може да се направи ако поставите шнола или чешелче со интересна форма, например голема панделка, чреша, јагода…

 

Write A Comment