Art & Crafts

Сок од кромид за брз раст на косата

Кромидот е еден од најдобрите производи за нега на косата. Тој е одличен препарат за коса доколку страдате од расцветани врвови и опаѓање на косата. Кромидот содржи сумпур кој го храни коренот на косата и го забрзува нејзиното растење. Во продолжение ќе ви прикажеме неколку начини како можете да го користите кромидот за забрзување на растот на косата.

Сок од кромид за раст на косата

Исцедете сок од кромид и измешајте го со вода. Ставете го на коса, особено на темето и оставете го 25-30 минути. Можете да ја завиткате косата со пешкир, за да може кромидот да се апсорбира во фоликулите на косата. На крајот добро измиете ја.

Кромид и кокосово масло

Кога ќе се измеша со масло, сокот од кромид го забрзува растењето на косата и ја храни. Измешајте го сокот од кромид со масло и масирајте ја косата. Завиткајте ја со пешкир.

Кромид и пиво

Парчиња од кромид или сок од кромид можете да измешате со пиво за да го забрзате растењето на косата. Применувајте ја маската два пати во неделата.

Кромид и мед

Ова е најефикасен домашен лек за забрзување на растот на косата. Изгмечете го кромидот и ставете неколку капки мед. Нанесете го на косата и оставете го да одстои. Измиете ја косата.

Кромид и рум

Ставете една главица кромид во чаша со рум да одстои една вечер. Следното утро масирајте ја косата со оваа мешавина. Ова е еден едноставен начин како можете да го користите кромидот за раст на косата.

Кромид и лимон

Можете да користите сок од лимон за раст на косата и за лекување на првутот. Сокот од лимон го намалува опаѓањето на косата.

Кромид и јогурт

Во сокот од кромид додадете една лажица јогурт. Измешајте добро и масирајте ја косата со таа смеса. Оставете 45 минути, и потоа измиете ја со шампон.

Write A Comment