Околу 20% од луѓето често потпаѓаат под влијание на комарците. Причината е дека пиеле пиво, констатира студијата на списанието Смитсонијан. Оној кој ќе испие едно пиво е многу попривлечен за инсектите. Според научниците тоа најверојатно се должи на зголемувањето на количеството на етанол, што љубителите на пенливото задоволство го лачат преку потта. Но причината може да се темели и во фактот дека телесната температура на оние кои пијат пиво се зголемува.
На крајот најверојатно станува збор за комплекс од причини. Излегува дека комарците два пати повеќе налетуваат на луѓе со крвна група 0, отколку на оние со крвна група А. Исто така комарците се фанови на јаглерод диоксид – го чувствуваат од околу 50 метри. Што значи дека покрупните луѓе и се фаворити за напад од комарците.
Исто така комарците гледаат како на донатори на бремените жени и жените доилки, бидејќи мирисот на млечната киселина ги привлекува. Поради што дамите во таква состојба се два пати почесто напаѓани од останатите припаднички на понежниот пол.
