Сакајќи да го одржиме домот чист и уреден, постојано користиме различни видови на препарати од кои голем дел се опасни за нашето здравје.
Добрата вест е дека сепак постои и безопасна природна алтернатива, која чисти исто толку ефикасно. Имено – лимонот. Да, тој успешно се справува со различни дамки, а како бонус нуди и дезинфекција.
За да ви олесниме максимално, ви нудиме неколку практични примери како да го користите лимонот во домаќинството.
Во бањата
За да ги исчистите вентилите и другите метални делови во бањата е потребно само да го пресечете лимонот на две половинки и да ги користите половинките наместо сунѓер. А уште подобра варјанта е да ги залеете местата кои сакате да ги исчистите со сок од лимон и да оставите да дејствува во текот на ноќта.

Доколку сакaте кадата, мијалникот и вц-школката да блескаат, подгответе мешавина од сода бикарбона и сок од лимон и исчистете ја површината со него.
Во кујната
Дамките на дрвените површини, можат да се исчистат доколку ги посипете со лимонов сок и ги оставите така неколку часа.
Во дневната
Прозорците и стаклените врати на шкафовите можете да ги исчистите доколку ставите 2 лажици сок од лимон во еден литар вода. Ставте ја смесата во шише со распрскувач и исчистете на вообичаен начин.
За да го исполирате мебелот пак, ќе ви биде потребна мешавина од 1 лажица сок од лимон и сончогледово масло.
За перење
За да исчистите дамка на облеката, земете четка за заби натопена во смеса од сок од лимон и газирана вода. Оставете го “препаратот” да делува во текот на ноќта, а потоа исперете ја облеката.

Ако пак имате потреба да ја избелите облеката, наполнете голем сад со вода и ставете во него неколку парчиња лимон. Ставете ја смесата на оган да зоврие. Откако ќе зоврие потопете ја облеката во неа.
