Дестинации

На одмор во Сината Лагуна во Исланд

Исланд е прекрасна земја со вулкански пејсаж. Само 40 минути возење од Рејкјавик се наоѓа една од главните атракции во земјата – Сината Лагуна. Се зборува дека водите тука лекуваат секакви кожни заболувања од псоријаза до егзема. Луѓето патуваат стотици километри за да се потопат во толите води.

Водата која испарува е дел од формација на лава и температурата на водата во просек изнесува од 37 до 39 степени Целзиусови.

Целиот овој комплекс ресорт им нуди на посетителите прекрасни геотермални бањи, сауни, топли водопади и делови за релаксација и масажа.

Освен можноста за релаксација, водата на оваа бања е и лековита. Таа содржи активни состојки на силициум диоксид, соли и сини зелени алги ја омекнуваат кожата но и помагаат во лекувањето на кожни болести.

 

Write A Comment