ШоуБиз

Да, Линдзи Лохан ќе лежи 30 дена затвор!

Американската актерка Линдзи Лохан, во Лос Анџелес е осудена на 30 дена казна затвор, поради кршење на прописите во врска со условната казна.

Линдзи признава дека ја прекршила условната слобода и пропуштила неколку состаноци во центарот за социјална работа, каде требало да одработи неколку саати општествено корисна работа, поради кражбата на огрлица.

Засега, на Лохан ѝ е одобрено еднонеделно одложување за почеток на казната поради професионални обврски. Затворската казна ќе ѝ почне на 9-ти Ноември.

Судијата од врховниот суд Стефани Сотнер ѝ дозволила на Лохан да бира помеѓу 300 дена затвор и смалување на казната од 30 дена во комбинација со општествено корисна работа. Лохан се решила да скрати на затворската казна.

Таа треба да се појавува пред судот еднаш месечно од декември до мај, а помеѓу секое појавување да одработи по 12 саати во мртовечницата во Лос Анџелес, плус четири сеанси со психотерапевт.

Write A Comment