Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – VII дел

1988 година, Мауи, летот ALOHA 243

Подобрувања: Подобро разбирање на стареењето и заморот кај металите од авионот

Летот Aloha 243, со стариот 19 годишен Боинг 737 на краткиот лет од Хило до Хонолулу на висина од 24 илјади стапки, се откина голем дел од горниот предел на трупот и наеднаш патниците се најдоа на отворено. Она што е зачудувачки е што, пилотите успеаа остатокот од авионот безбедно да го приземјат. Едно лице, стјуардеса загина во оваа несреќа.

Националниот борд за безбедност во сообраќајот како причина ја наведе комбинацијата на корозија на металот што придонела до попуштање на легурата и штрафовите кои го држат металот и големиот број на циклуси полетување и слетување (89 илјади на овој авион). Како одговор на тоа, Федералните Воздухопловни Власти во 1991 година воведоа програма која опфаќа поригорозни мерки за одржување на авионите како и контрола на староста на авионите.

http://www.youtube.com/watch?v=ApI5L_NpnfY

Write A Comment