Лековитите својства на медот, и производите од него се познати и се применуваат одамна во традиционалната медицина во целиот свет.
Денеска ќе ви понудиме неколку начини за употреба на мед за ублажување или лекување на различни здравствени тегоби.
При несоница
Една лажица мед се консумира 30-40 минути пред спиење.
При проблеми со желудникот и цревата
При стомачни болки, медот треба да се зема на гладен стомак (два и пол часа пред јадење или три часа по јадење), растворен во 30-35мл зовриена вода.
За да се избегнат киселините, медот може да се зема со млеко.
При кардиоваскуларни болести
При исхемична болест на срцето, миокардитис, нарушување на срцевиот ритам, хипертензија, најдобро е да се косумира шумски мед, а исто така и мед со мента и лии лаванда.
Дневната доза е од 50 до 90гр, распределена на 3 до 5 пати во текот на денот.
Потребно е да се зема на тој начин во текот на 1-2 месеци, и најдобро е другата слатка храна да биде исклучена од исхраната.
Предноста на медот пред лековите се состои во тоа што медот е способен да го нормализира крвниот притисок – го зголемува нискиот и го намалува високиот.
При настинка
При кашлање и настинка потребно е медот да се држи во устата неколку минути, а потоа да се проголта.
Исто така може и да се намачкаат градите и грбот со мед и болниот добро да се завитка и да се испоти.
Мамурлак
Една лажица мед ќе ја олесни состојбата. Експертите научно докажале дека земање големи количини на мед може да ја прекине зависноста од алкохол.

