Оние кои сакаат на природен начин да се ослободат од перутот им се препорачува коренот од косата да го потопат со чај од мајчина душица.
Две лажици ситно исецкана мајчина душица се вари 10 минути во половина литар вода. Се цеди и се остава да се излади.
Со добиениот чај се масира коренот на косата со врвовите од прстите (никако со нокти), а пота се палкне. На крајот на темето се става маслиново масло и капа за капење. Се остава да отстои половина час и се мие со благ шампон.
Друг, многу ефикасен, но заради непријатниот мирис, помалку популарен начин на решавање напроблемот со перутот, е со помош на кромид. Со оглед на тоа што кромидот е богат со сумпур, кој е инаку многу ефикасен во борбата со габите кои го предизвикуваат перутот, коренот на косата може да се истрие со половина главичка кромид и по 10 минути да се измие.
