Ароматичниот зачин ловоров лист освен во кујната, може да се применува и како лек.
Џвакањето на ловоров од време на време, лечи воспаленија во усната шуплина, штити од настинка и туберколоза и ги ублажува симптомите при ангина.
Ловоровиот лист е главна состојка во подготвувањето на етерични масла. Тие се антивирусни, антибактериски и антивоспалителни.
Ароматерапијата со овие масла го смирува нервниот систем, помага при несоница, депресија и го зајакнува имунитетот на организмот.
Неколку капки од етеричното масло втриено во кожата, го намалува воспалението на зглобовите, ја засилува циркулацијата и ги намалува болките од удари.
Етеричното масло од ловоров лист може да се приготви и во домашни услови:
Потребни ви се 30гр ловоров лист (свеж или сушен), кој се полива со 1 чаша маслиново масло или обично масло и се остава да отстои една недела на темно место пред да се користи.
Пијалокот од ловоров лист помага при остеохондроза и воспаленија на кожата:
Сварете 2 чаени чаши вода и во неа додадете 1 лажиче ловоров лист.
Научниците имаат развиено уникатен рецепт што го придружува лекувањето на ракот на грлото:
Лекот содржи 1 чаша ловоров лист и 0,5 литри вотка. Смесата се чува на темно во текот на 2 недели, и од време на време се протресува. Се пие 3 до 6 месеци, 3 пати на ден.
