Лоцирани како мост помеѓу Парана во Бразил и провинцијата Мисионес во Аргентина, ќе ве привлечат водопадите Игуазу, како делник на горниот и долниот дел на истоимената река. Овие водопади, четири пати пошироки од Нијагарините, ги има поминато и првата дама, Еленор Рузвелт, иронично извикувајќи…Кутра моја Нијагаро! Инаку, водопадите се составени од 275 индивидуални водопади, од кој највисокиот ќе ве импресионира со висина од 82 метри а должина од 700метри, со кои метафорично се добива и името Грлото на Ѓаволот. Се приклучуваат кон Бразилскиот град Фоз до Игуазу и Аргентинскиот град Пуердо Игуазу. Во прилог Ви и се долгите пешачки патеки, можностите за планинарење како и водените спортови.








