Потребни состојки:
Две теглички сардина, тегличка маслинки, кисел кромид, кисели пиперки, стапчиња за ражничи, зелена салата за декорација.
Подготовка:
Сардината извадете ја од маснотијата и оставете да се исцеди. Во секој парче замотајте по една маслинка. На стапчињата редете ги замотаната сардина, парче кисела пиперка, кисел кромид и на крајот повторно сардина. Чинијата декрорајте ја со листови зелена салата.
