Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – VIII дел

1986 година, Лос Анџелес, лет AEROMEXICO 498

 

Подобрување: Вградување на системи за избегнување на судири

Иако по несреќата над Гранд Кањонот, системот на контрола на летање вршеше одлична задача одделувајќи ги големите авиони, не ги зеде во предвид приватните авиони со четири седишта, како што беше случајот со авионот Piper Archer кој залута во воздушната зона над Лос Анџелес на 31 август 1986 година. Контролорите не можеа да го видат на радарот и  влета во опашката на Aeromexico DC-9, кој во тој момент слетуваше на LAX и го уништи хоризонталниот стабилизатор. Двата авиони паднаа во населено место 20 милји источно од аеродромот, при што загинаа 82 лица, меѓу кои 15 од населеното место.

Федералните Воздухопловни Власти побараа малите авиони кои имаат намера да летаат во контролирани зони да користат транспондери – електронска направа која го емитува движењето, позицијата и висината на еден воздухоплов кон контролорите на летање на земјата. Дополнително беше побарано, авионите да имаат TCAS II систем кој може да предупреди и предвиди евентуален удар на два авиони кои се опремени со транспондер и да им даде инструкции на пилотите да го насочат надолу или нагоре авионот за да го избегнат ударот. По оваа интервенција нема ниту една несреќа од ваков карактер во САД.

httpv://www.youtube.com/watch?v=uSL9gSe2XMg&

httpv://www.youtube.com/watch?v=cggVVrMUrug&f

httpv://www.youtube.com/watch?v=gltP352zaDU&

Write A Comment