Prison brake

Девојчето Sweetie: Мамец за педофилите

Холандската невладина организација Terre des Hommes компјутерски ја креираа виртуелната 10 годишна филипинка Sweetie и благодарејќи на неа, евидентираа преку 1000 педофили. Ова виртуелно девојче послужи како мамец за педофилите, кои пак биле спремни и да плата само за да ја видат сексуално активна пред веб камера.

 

Во период пократок од 3 месеци, Sweetie успеала да се јави на преку 20 000 интернет корисници, а на крајот 1000 од нив биле евиндентирани како педофили. Холандската невладина организација, која со години се бори за правата на децата, лесно дошла до нивните ΙP адреси, нивните телефонски броеви, адреси на живеење, а нивните фотографии ги испратила на Интерпол.

 

Бидејќи сето ова се случувало на интернет, педофилите мислеле дека никој не ги следи, па поради тоа било лесно да се соберат информации.

 

Холандската организација тврди дека во секоја минута има преку 750 000 онлајн педофили. Во текот на истрагата евидентирани се 254 педофили од САД, 110 од Велика Британија, 103 од Индија, а дури двајца од Хрватска.

 

Браво за малата Sweetie.

pedofili tekst

 

Write A Comment