Животот на Ким Кардашијан може и да е како отворена книга, но таа и нејзиниот вереник Кание Вест се категорични дека тоа нема да е така и кај нивното дете.
И покрај желбата на раперот да се чува себе и ќерка си Норт од шоуто на риалити ѕвездата и очите на јавноста што е можно повеќе, во вторникот Ким сподели не една, туку цели две фотографии на нивното веќе пораснато девојче во Инстаграм.
Нори, како што ја нарекуваат блиските, е многу слатка и шармантна.
На првата фотографија малата госпоѓица е во прегратките на Рикардо Тичи, главниот дизајнер на Givenchy – еден од омилените брендови на 33-годишната Ким.
Иако Нори има само 5 месеци, Кардашијан со сигурност знае каква ќе биде таа кога ќе порасне – фан на модата.
На втората фотографија Норт пак покажува убава насмевка.


