Убавина

Чаеви за витка фигура

Веќе секој знае дека една шоња чај во денот нé штити од мозочен удар, артритис, не прочистува од токсини… Добра вест е дека чајот исто така ни е голем сојузник во борбата со вишокот на килограми.

Еве неколку чаеви кои навистина помагаат за елеминирање на вишокот килограми:

Зелен чај – научниците се уверени дека зелениот чај го забрзува метаболизмот. Тоа го тврдат бидејќи дошле до сознание дека токму зелениот чај содржи EGCG, супстанца која го забрзува метаболизмот. Дали знаевте дека една шоља зелен чај согорува 70 калории.

Чај од пеперминт – согорува калории. Освен зелениот чај и чајот од пеперминт исто така ги согорува калориите.

Чајот од рози – ја намалува надуеноста и го спречува запекот – овој чај може да го најдете во било која билна аптека. Направен е од суви пупки од рози и листови од истите. Освен наведените користи, тој исто така ќе ја направи и вашата кожа поубава. Содржи витамин А, Б3, Д, Ц и Е, а познато е дека делува и против инфекции. Доколку редовно го пиете овој чај и вашите килограми ќе почнат да се намалуваат.

 

Write A Comment