Според шокантните откритија на запознаени светскиот пар има огромни проблеми во бракот. “Во монетов Зи е на турнеја во Австралија. Двајцата одлучиле привремено да се разделат и да размислат за работите”, издава извор. Пред Џеј Зи, Бијонсе исто така беше на турнеја во Австралија, но тогаш извор близок до раперот изјави дека патувањето не било со цел – семејно патување, туку очајнички обид за спасување на нивните односи. Гласините велат дека токму многуте работни обврски предизвикаа огромни проблеми во нивната врска. “Одлуката на Џеј Зи, да направи европска турнеја додека Бијонсе е на концерти низ Австралија предизвика ужасни скандали”.

Се вели дека Бијонсе се почесто влегувала во улогата на самохрана мајка, бидејќи поголемиот дел од времето токму таа се грижела за наследничката Блу Ајви, а раперот се поголемо внимание и посветувал на кариерата и бизнисот. Бијонсе и Џеј Зи се заедно речиси 10 години.


