Потребни состојки за подготовка на сирупот:
* сок од 3 свежо исцедени лимони
* 0,5 чаша маслиново масло Extra virgin
* 1 чаша мед
Подготовка:
- Ставете го сокот од лимон и маслиновото масло во тенџере и ставете го на среден оган додека почне да испарува.
- Додадете го медот и добро промешајте.
- Отстранете го од огнот и оставете да се излади.
- Ставете го во тегла.
Сирупот може да го чувате во фрижидер 3 месеци или надвор од фрижидер 1 месец.
Земајте по 1 лажица 4-5 пати дневно.
