ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр путер
* 200гр темно чоколадо (70% како)
* 80гр какао
* 65гр брашно
* 1 лажичка прашок за пециво
* 360гр шеќер
* 4 јајца
* околу 75гр лешници, бадеми или ореви
ЗА ГЛАЗУРАТА:
* 100гр темно чоколадо
* 30гр путер
ПОДГОТОВКА:
- Загреете ја рерната на 180 степени.
- Тавата за печење подмачкајте ја и посипете ја со брашно.
- Путерот и чоколадото истопете ги на пареа, па додадете ги сецканите ореви, бадеми или лешници.
- Во друг сад измешајте ги какаото, брашното, шеќерот и прашокот за пециво и додадете ги во смесата со истопеното чоколадо.
- Се добро измешајте.
- Со миксер изматете ги јајцата и полека додадете ги во смесата.
- Смесата ставете ја во плех за печење и печете 20 минути.
- Кога ќе забележите дека површината и рабовите се печени, извадете го колачот од рерна и оставете го да се излади.
- Истопете ги чоколадото и путерот, полиете го колачот и размачкајте низ целата површина.
