ШоуБиз

Признала: Никол Кидман две години страдала за Том Круз!

Плавокосата убавица се опоравува од разводот со Том Круз повеќе од две години. Дури ни оскарот кој го добила не успеал да ја развесели. Никол изјавила за едно списание дека и било многу тешко да го преживее разводот и дека во 2003. година, кога добила оскар сватила “колку празнина има во сопствениот живот”.

Nikol Kidman

Самата улога во филмот “Часови”, во кој ја игра улогата на Вирџинија Вулф, која со камења во џебовите се дави во река заради депресија, и овозможила на глумицата многу повеќе да го цени сопствениот живот. Таа сега го вратила својот емотивен живот на прав пат и живее во среќен брак со Кит Урбан.

Write A Comment