Art & Crafts

20 кул визии само со една наметка (Видео)

Што мислите дека можете да направите со една “обична” наметка? Ние ќе ви кажеме – чуда!

Самите се избезумивме колку различни визии можат да се постигнат со наметка во форма на круг и со две дупки за рацете. Видеото кое ќе ви го презентираме, ни демонстрира 20 различни начини да се носи оваа навидум чудна и безначајна облека. И сите до еден се одлични!

Во продавниците тешко ке најдете таков додаток, но убавото е што апсолутно секој кројач може да го направи за вас со леснотија. А разнобразието што ќе го постигнете со него е неверојатно!

Есента е тука, па погледнете како можете да го разбранувате вашиот изглед со една наметка!

Write A Comment