Дестинации

Убава и разновидна – АВСТРАЛИЈА

Ако сте во потрага за природа, авантура, уметност и култура, возбудлива гастрономија и необични празници, тогаш Австралија е вистинското место за вас. Без разлика дали имате две недели за да ги посетите најпознатите знаменитости или дури шест месеци за патување низ Австралија, времето за уживање во оваа неверојатна земја никогаш не е доволно.

Како би ја започнале вашата австралиска авантура? Со своите пространи шуми, беспрекорни морски средини и уникатен див свет, Австралија ви нуди многу избор. За почеток, искусете една од многубројните авантури кои започнуваат со истражување на најоддалечените делови на земјата, до долги прошетки и живописно едрење. Посетете далечни места, од Црвениот Центар до јужна Австралија, но не ја прескокнувајте магијата на западниот регион на оваа земја. Австралија е прав рај за сурфери, со првокласни плажи низ целата земја, од брегот Victoria Surf до Margaret River  во западниот дел. Откријте ги најпопуларните места за нуркање, од преубавиот гребен Квинсленд до Тасманија.

Опуштете се и препуштете се на автралиските искуства на Абориџините. Абориџините се австралиски домородци и имаат богата култура која е стара околу 50.000 години. Не заборавајте да го понесете фотоапаратот и да ги забележите неверојатните моменти и места кои ќе ги посетите.

Прекрасната природа на Австралија изобилува со видови птици, растенија и животни кои не постојат на други дестинации. Почувствувајте ја целосно моќта на природата во неистражените делови на Австралија или нурнете во длабочините и разгледувајте ги брилијантните видови риби и корали. Оние кои сакаат во живо да видат коали, кенгури, морски лавови, пеликани и пингвини се на правото место. Во периодот помеѓу мај и септември, може да се забележи и по некој кит.

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

PREDIVNA I RAZNOLIKA AUSTRALIJA

 

Write A Comment