Мода

Ултра популарната чипка

Во минатото чипката беше резервирана за венчаници и долна облека, но денес можеме да ја видиме на секое парче облека од фустани па се до кошули, панталони, чевли и палта. Жените признаваат дека се чуствуваат секси кога на себе носат облека која има чипка.

Дури и познатите модни дизајнери како што се Долче и Габана, Живанши и Валентино во последните колекции ја вметнуваат чипката, со која нивните креации изгледаат крајно женствено.

Погледнете како со помош на чипка, обичните креации изгледаат модерно, убаво, секси и гламурозно.

 

Write A Comment