Motherhood

Мама знае најдобро: Што секоја мајка треба да и каже на својата ќерка за љубовта и сексот

Минатата недела оскаровката Ема Томсон им призна на медиумите дека напишала сексуален прирачник наменет за нејзината 13-годишна ќерка. Мотив за тоа бил фактот дека младите се под голем притисок кога станува збор за љубовта и сексот.

Според мислењата на друга мајка еве што треба задолжително да ги советувате вашите ќерки:

Изгледот не е се

Секоја девојка сака да се прикаже во најдобро светло. Депилација, совршено оформена коса, тесни градници се само дел од мерките што ги превземаат младите девојки за да изгледаат привлечно.Но верувајте ништо нема да постигнете доколку не се чуствувате сигурно. Денес девојките се хранат од лајкови на Facebook. За да ги добијат тие лајкови принудени се да напишат провокативен статус или да објават своја секси и разголена фотографија. Имаат чуство дека цел свет ги гледа, а до некаде тоа е точно. Но кога станува збор за момчиња, можеби ќе бидат изненадени од фактот дека на нив не им е важно како некое девојче изгледа на online социјалните мрежи.

Порнографијата не е реална

Порнографијата е еден вид на забава, а луѓето во порно филмовите се глумци. Опасност е за младите, особено за момчињата затоа што тие можат да развијат нереални очекувања од сексуалниот живот.

Приватните работи остануваат приватност

Твојот приватен живот треба да остане приватен а не со брзина на светлината да се шири на интернет. За нас повозрасните е грозна и самата помисла дека младите своите интимни делови од своето тело ги сликаат со телефон, а потоа ги делат со стотина “пријатели” на Facebook или Tweitter. Дали би дозволиле на некого да го прочита вашиот дневник? Не? Тогаш зошто вашиот однос со интернетот би бил поинаков?

Објавената приватност и интимност, во најдобар случај може да биде само невкусна, а во најлош  случај многу штетна.

Тоа не го прават сите

Во ред е да чекате и во ред е да кажете “НЕ”.Младите многу често зборуваат за сексот и за сексуалните искуства. Невина девојка има чуство дека таа е единствената невина девојка на оваа планета. Но оние девојки кои што се најгласни и кои постојано се фалат за својот секс, тие  кажуваат лаги. Никој не сака да биде исклучок, но запамтете дека вие сте господар на вашето тело и само вие можете да одлучите кога и со кого ќе го поделите.

Првиот пат нема да биде совршен

Исто како и првиот бакнеж така и првото сексуално искуство не е она од нашата фантазија. За добар секс потребно е искуство и партнер кој го сакате и ве сака. Немојте да се изненадите доколку првиот пат изгледа како комбинација на лош старт, срам и чуство дека нешто не е како што треба.

Write A Comment