Дестинации

Бордо – регион на виното

Бордо е град кој е сместен во југозападниот дел на Франција, и е главен град на регионот Аквитанија и департманот Жиронда.

Зафаќа површина од 49.36 квадратни километри, а во него живеат околу 232 000 жители. Бордо е еден од најатрактивните градови за живот во Франција. Светски е познат по бројните лозја. Во областа на Бордо преовладува океанска клима, со благи зими и долги и топли лета. Просечната зимска температура е околу 6, а летната околу 19 степени целзиусови.

Бордо има долга историја. Настанат е како келтска тврдина за време на третиот век пред нашата ера. Тогаш е познат под името Бурдигала, и е развиен на мошне важен трговски пат. Од петтиот век од нашата ера Бордо има претрпено инвазии од варварски народи, кои траеле речиси еден век. Норманите го нападнале Бордо во десетиот век, со што овој град потонал во вековно опаѓање. Веќе од дванаесетиот век започнува нов повторен развој на градот. Тогаш Англичаните го завземаат градот, во чии раце останува следните три века. Од 1453 година Бордо преминува во француски раце, што довело до големи немири меѓу градското население. Градот потпаднал под целосна контрола на француската круна дури во 1653 година. После тој период започнува процветување на Бордо, и трае се до француската револуција. За време на револуцијата, Бордо доживува навистина тешки години. Трговијата од која живеел градот речиси целосно исчезнала. Кон средината на осумнаесетиот век започнува индустријализација на овој град, а трговијата започнува да се обновува. За време на Првата Светска војна во Бордо привремено е и седиштето на француската влада, како и седиштето на американските војници. За време на Втората Светска, градот е окупиран од Германците, и бил познато упориште на француските колаборационисти. По војната започнува обнова на Бордо, и станува еден од центрите на Француската Република.

Бордо е мошне популарна туристичка дестинација, со бројни градски знаменитости.

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

BORDO - REGIJA BOGATA VINIMA

Write A Comment