Мојата кујна

Вкусен домашен колач со какао

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 пакетче ванила

* 1 лажиче сода бикарбона

* 1 пакетче прашок за пециво

* 2 чаши брашно

* 1 чаша шеќер

* 1 чаша масло

* 1 чаша кисело млеко

* 4 јајца

*1 лажица какао

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги одвојуваме жолчките од белките. Белките ги матиме, а кон жолчките го додаваме шеќерот, ванилата, маслото, киселото млеко и сода бикарбоната.
  • Ги додаваме белките и брашното измешано со прашокот за пециво. Матиме добро. Ја разделуваме смесата на два еднакви делови околу 70/30%. Во помалата го додаваме какаото и мешаме.
  • Смесата со ванила ја ставаме во форма за торта и потоа врз неа, ја додаваме смесата од какао и печеме на 250 степени. Со чепкалка проверуваме за подготвеност (околу 35-40 минути).

 

Write A Comment