Motherhood

Знаете ли од која година почнувате да личите на својата мајка?

Последното британско истражување покажа дека  кога жените ќе наполнат 31 година почнуваат да личат на своите мајки.

Истражувањето открива дека жените кои ќе зачекорат во четвртата деценија, се повеќе личат на своите мајки, а како главна причина се наведува раѓањето на првото дете.

Повеќето од испитаничките рекле дека по рагањето на првото дете, тие престанале да се спротивставуваат на своите мајки.Како што соопштува Лондонски Телеграф, во истажувањето во кое учествувале 1000 жени, 51% од жените ја гледале својата мајка како идол во животот. На второ место со 18% се сестрите, а третото место со 8% го завземале другарките.

Третина од испитаните жени потврдиле дека по раѓањето на првото дете, односот со нивните мајки станал посилен.

Дека жените се повеќе личат на своите мајки после 31-та година, покажува и податокот, дека тие уживаат во иста ТВ серија (24%), имаат исто хоби (16%), користат исти изреки (15%).

Истражувањето било финансирано од “Dotty Bingo”. Во претходното истражување, исто така финансирано од нивна страна, се покажало дека 80% од жените кои играат бинго тоа го наследиле од своите мајки, баби или други женски роднини.

Write A Comment