Еди Марфи е потполно трезен веќе 18 години, а во текот на тој период нема испиено ниту една капка алкохол. Последен пат кога уживал во алкохолен пијалок е за време на неговиот меден месец со поранешната сопруга Никол Мичел, а потоа одлучил повеќе да не пие, бидејќи тоа многу му штети.
– Последниот пат се опијанив од три чаши шампањ. Тоа ми беше втор пат во животот, а воедно и последен. Мислев дека ќе ми биде добро, бидејќи испив само три чаши. Добро ми беше само првите пет минути, а потоа ми се слоши, – си признава актерот кој ќе биде водител на доделувањето на следните награди Оскар.
Еди вели дека е љубоморен кога гледа како луѓето се забавуваат кога пијат, но знае дека не може да им се придружи.
– Воопшто не пијам, оти знам дека ќе повраќам! – искрен е Еди.
