Ако се чудиш што е во мода меѓу машката долна облека, ние ќе ти помогнеме – светло и еднобојно е хит на новата сезона. Ако сакаш да си модерен и актуелен, ти советуваме да почнеш од долната облека. Никогаш не ја потценувај, бидејќи машката долна облека е омилена тема на сите жени.

Боксериците повторно се хит број еден. Широкиот ластик – задолжителен. Тангата беше модерна за кратко, но Европа не ја прифати, затоа ти советуваме, ако имаш таков тип на долна облека, да не го носиш. Погрешно е мислењето дека жените паѓаат на него. Напротив – голем дел од нив го сметаат за смешно и несоодветно.

Како што рековме, светлите бои се во мода. Црвена, зелена, жолта, сина, сите тие се ѓаволски модерни, но секогаш гледај да не се комбинираат премногу бои. Ригеста, цветни, геометриски и карирани модели се прифатливи, само ако не вклучуваат премногу бои и моделот е доволно сериозен за да стои добро.

Избегнувајте ригести и детски модели. Жените не паѓаат на нив. Белата боја неквалитетна долна облека исто така стои лошо. Ако држиш на широките боксерици, гледај да ти се по мерка, а не до колената.

Секогаш имајте барем еден-два пара црни стилски боксерици за првата секс-вечер со жена. Црни, стилски, цврсти боксерици со широк ластик стојат совршено и секогаш ќе се допаднат на жените.

