Art & Crafts

Како да направите снежна топка?

Снежните топки се забава за децата и за возрасните. Постојат во различни големини, најчесто со новогодишни и божиќни мотиви. Еве како на едноставен начин да ја направите и вие вашата снежна топка и да ги израдувате вашите најмили.

За изработка на топчињата ви е потребно:

Тегла или стаклен сад со капак

Превриена и изладена вода

Глицерин

Монистра, топчиња од стиропор, или вештачки снег кристали

Силиконски гел

Малечка фигура

Постоље, малку поголемо од капакот на кој ќе стои топката

Лепак

Стаклената топка се мие и темелно се суши пред изработка. Најпрво со лепак причврстете ја фигурата за внатрепната страна на капакот. Теглата наполнете ја со вода до врвот. Додадете неколку капки глицерин , а потоа додадете ја монистрата. Капакот заедно со фигурата затегнете го на теглата. Подготвената тoпка можете да залепите на постољето.

 

Write A Comment