ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*500гр тиквички
*150гр компири
*5 јајца, 2 за панирање
*врска магдонос
*сол
*бибер
*200гр брашно
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Тиквичките ги лупиме и ги рендаме.
- Компирите ги лупиме и ги вариме.
- Магдоносот ситно го сецкаме.
- Во еден сад ги мешаме варените компири, трите јајца, магдоносот, солта, биберот и ренданите тиквички. Мешаме добро.
- Потоа го додавеме брашното и мешаме додека не добиеме густа смеса.
- Од добиената смеса обликуваме ќофтиња и ги потопуваме во јајцата.
- Ќофтињата ги пржиме во тава, до добивање на златна коричка.
