Крис Хемфри, пак, тврди дека бракот со Ким не е само фарса и тоа го докажа со својата очајна состојба, во која западнал откако дознал дека старлетата сака развод. Не бил во состојба ниту да се појави на забавата во Лас Вегас.
Иако неговиот портпарол им ветил на присутните на журката дека Крис ќе се појави, малку подоцна се утврдило дека тој не е во состојба да дојде на забавата. Инаку, договорот за појавувањето на забавата бил направен пред Ким да поднесе барање за развод.
– Јас ја сакам жена ми. Потоплно сум му посветен на нашиот брак, како што налага и заветот. Спремен сум да направам сè за ова да успее и не можам да поверувам дека Ким веќе поднесе документи за развод, – изјавил Крис за медиумите.
Спортистот се труди да ја надмине кризата во која западнал, но засега е прилично депресивен и ќе треба да помине извесно време додека не ја преброди загубата.
Ким единствено побара од медиумите да ја почитуваат нејзината приватност и одлука.
