Поп ѕвездата Бритни Спирс, снимила документарен филм под наслов “I am Britney Jean” кој ги прати подготовките за нејзиното шоу во Лас Вегас и излегувањето на нејзиниот осми студиски албум.
Во текот на филмот кој е снимен во продукција на телевизијата Е!, Бритни зборувала за тоа колку е стресна, нејзината работа, за мајчинството, па дури и за сексот, но она што е најинтересно е што пејчката конечно го открила и најмрачниот дел од нејзиниот живот, кога во текот на 2007. година паднала во психичка криза.
– Тој период беше навистина тежок за мене. Инаку сум многу срамежлива, а она што публиката го гледа на сцената е моето супер его, така што таа ситуација ме натера во потполност да се повлечам во себе, толку што станав и биполарна – вели Бритни.
Да се потсетиме, Бритни во 2007. минуваше низ многу потешкотии, како што се борбата за старателство, рехабилитација, проблеми со дрогата. Меѓутоа она што најмногу ја шокираше јавноста е тоа што пејачката ја избричи главата и присилното психијатријско лекување.
– Имаше моменти кога не можев да излезам од дома, а кога ќе излезев ме пратеа околу дваесетина автомобили. Се чувствував многу несреќно.
Денеска, шест години подоцна, Бритни успеа да го среди својот живот, да ја врати својата кариера и да ужива во друштвото на своите синови, а конечно е и емотивно исполнета.
