Убавина

На кожата и косата во зима им треба поинаква нега

Промента на температурата може да предизвика реакција на вашата кожа и коса. Најчесто кога температурите ќе паднат кожата на лицето и рацете станува посува, се појавуваат црвенила кои знаат да пецкаат и чешаат.

Температурните разлики, ниски надворешни и високи внатрешни, исто така се одразуваат на кожата.

Затоа треба да направите неколку промени во секојдневната нега.

Во зима избегнувајте шампони и сапуни со арома. Парфемите кои ги содржат само дополнително ја сушат кожата. Во зима е најдобро да користите благи сапуни и шампони, на пример некои кои се наменети за деца или за возрасни но без парфеми.

После туширање секогаш нанесете млеко за тело кое е помасно. Нанесувајте го додека е кожата влажна, како би ја “заробиле” водата и би останала на вашата кожа за дополнително да ја навлажни.

Внимавајте да не е премногу голема температурната разлика надвор и во просторијата каде седите, или пак доколку е надвор премногу ладно не излегувајте без да нанесете масен крем кој ќе ве штти од студот.

И во зима кога излегувате ставајте крема со заштитен фактор. И во зима има штетни УВ зраци.

На кожата и косата почесто нанесувајте маски кои даваат влажност. Ние до сега ви имаме понудено неколку предлози, а во иднина ќе ви понудиме уште многу кои ќе може да ви користат оваа зима.

Никако не излегувајте надвор без да нанесете заштита на усните.

Write A Comment