Мода

Провидна облека за свечени прилики

Полупровидни парчиња облека станаа „must have“ ова сезона. Носејки ги се чувствувате женствено и секси

Многу малку време останува до нај свечениот дел од годината – Нова Година и Божиќ. Верувам многу пати сте се затекнале во ситуација до последен момент да не знаете што да носите за некоја прилика.За да не ви се случи ова повторно, сега е вистинскиот момент да размислите што ќе облечете за следната свечена прилика. Секако секогаш може да се одлучите за класични модели, но ако навистина сакате да бидете во тренд ќе одберете облека од полупровидни материјали. Сепак треба да внимавате тенка е границата помеѓу смела и елегантна комбинација и вулгарна, затоа внимавајте што ќе облечете.

Откријте ги атрибутите

Најголем број од моделите од полупровидни материјали се за свечени прилики- гала вечери, свечени приеми, коктели и тн… Одберете парче облека кое најмногу ви се допаѓа и кое најдобро ви одговара, односно одберете кој дел од телото сакате да го покажете. Запаметете, кога ке ги откриете своите атрибути, вашите маaни ќе бидат помалку воочливи.

Провидна гала вечера

 

Нема место за вулгарност кога се работи за свечени гала вечери. Но, има место за сексипил и женственост, а тоа е она што ќе го добиете дололку облечете полупровиден свечен фустан. Како што може да видите од фотографиите најголемиот број од моделите повеќе покриваат од што откриваат, но имаат нота на таинственост и елегација што и прилега на секоја жена.

Коктел забава

Што да облечете на коктел забава? Модните креатори предлагаат нешто елегантно и по можност полупровидно. Следниве модели се одлични за полуформални забави или вечерни излегување во омилениот кафе бар или ресторан. Направени се од комбинација на различни материјали со различна дебелина.


 

Провидни вечерни излегвања

Комбинирајте полупрвидни парчиња облека со кожа, крзно и други интересни материјали. Немојте да се плашите да облечете свилени и сатенски материјали. Изгледајте подеднакво провативно како во пантолони така и во  мини здолниште.

Write A Comment