Многу од нас не можат да си го замислат денот без кафе. Знаете ли дека тоа позитивно влијае и на вежбањето, бидејќи кофеинот го поттикнува согорувањето на калориите? Покрај тоа, кафето штити од многу болести поради антиоксидансите кои ги содржи.
Порано се веруваше дека кафето има негативно влијание на течностите во телото, но денес нутриционистите нагласуваат дека тоа е мит. И кафето може да се вброи во дневното внесување на течности.
Кафето го зајакнува телото и духот, ја буди нашата психа, ги стимулира мускулите, го поттикнува крвотокот и влијае позитивно на меморијата. Кофеинот е одличен за вежбање. Со негова помош ќе ја подобрите издржливоста и ќе согорите калории.
Кафето е вистинското оружје за убавина. Може да се користи како пилинг на кожата бидејќи ги зајакнува клетките и ја прави кожата мазна. Но е е добро само како пилинг, многу истражувања покажале дека штити и од рак на кожата.
Кафето не е само вкусно. Три до пет шолји кафе на ден се здрави поради антиоксидансите кои ги содржат. Токму затоа е добро за борба против стресот и го забавува процесот на стареење.
Кафето влијае позитивно на нашиот сексуален живот. Мажите и жените кои редовно пијат кафе, почесто уживаат во сексот. Исто така, кафето го подобрува движењето на спермата.
Тој што редовно пие кафе, го намалува ризикот за заболување од дијабетес тип два и од Алцхајмерова болест.
