ШоуБиз

Зошто Кејт и Вил го избегнуваат апартманот на Дајана?

Иако првобитно се планираше принцот Вилијам и принцезата Кејт да живеат во апартманот на Лејди Дајана во дворецот Кенсингтон, во последен момент брачниот пар се предомислил и не изјавува ништо за вселувањето во домот на Дајана.

Војводата и војвотката од Кембриџ треба во 2013 година да се вселат во дворецот Кенсингтон, но наместо во апартманот на Дајана ќе престојуваат во тој на принцезата Маргарет, сестрата на кралицата Елизабета II.

Според желбите на младиот брачен пар, реновирањето на дворецот ќе потрае, но никој од двајцата не изјавил зошто одеднаш одлучиле да не живеат во апартманот на Дајана, каде Вилијам пораснал.

Write A Comment