Мојата кујна

Турски оброк: Лахмаџун!

Доколку сакате да ја дегустирате турската кујна, ви препорачуваме Лахмаџун или во буквален превод „тесто од месо“.  Автентичен и препознатлив е за турската кујна, а станува збор за меко и многу тенко парче тесто со фил од зачинето мелено месо и неколку ливчиња магдонос и кришки лимон, како декорација.

За приготвување, потребно е:

(за тесто):

  • 1 лажиче сув квасец
  • пола лажиче шеќер
  • 1 1/2 шолја топла вода
  • 4 1/2 шолји брашно
  • малку масло

(за фил):

  • 350 гр мелено месо
  • 1 кромид, ситно сечкан
  • 3 чешниња лук, ситно сечкани
  • 2 лажици путер
  • пола шолја ситно сечкан магдонос
  • неколку ливчиња свежо нане, ситно сечкани
  • 2 домати, ситно сечкани
  • 1 лажиче чили во прав
  • 1 лажиче црвен пипер
  • сол
  • сок од 1 лимон

Подготовка: Прво, направете го тестото. Ставете ги шеќерот и квасецот во мал сад и полијте ги со топла вода. Просејте го брашното и направете дупка во средина. Ставете ја смесата со квасец и шеќер и преостанатата вода. Направете тесто. Тестото ставете го на набрашнета површина и месете го пет минути. Ставете го во длабок сад, намачкајте го малку со масло и оставете го 1 час на собна температура. Одвојте 10 топчиња и со сукало исукајте ги тенко, во тркалезен облик.  Рерната загрејте ја на 210 целзиусови степени. Подгответе го филот. Во тавче на оган ставете го путерот да се загрее. Ставете го кромидот да се испржи. Додадете го лукот и пропржете уште малку. Зеленчукот префлете го во длабок сад и ставете ги месото и зачините. Со рака измешајте го филот. Секое парче тесто намачкајте го со масло и ставете од филот, убаво распореден. печете ги 10 до 12 минути. Сервирајте со магдонос и лимон.

1

 

 

Write A Comment