Иако не очекуваат уште многу сиви, ладни денови, тоа не е причина да не се посвеите на вашата убавина и да сјаете штом расцвета пролетта.
Заштитете го лицето
Слојот пудра има повеќекратно дејство во зима, бидејќи го прави тенот попривлечен, а кожата ја штити од студ и смог.
Сјај на усните, румени образи
Избегнувајте тешка шминка во овој период. Транспарентен црвен сјај на усните и благо руменило на образите е сосем доволно.
Очите во прв план
Истакнување на очите е посебно важно кога носите капа и шал. Нанесете слој црна маскара, потоа на трепките додадете малку црна сенка во прав за продорен поглед и уште еден слој маскара.
Негувајте ги рацете
Во зима најмногу страдаат рацете, а секогаш се во преден план, па затоа не смеете да ги запоставите. Зголемете ја негата со креми кои содржат природни состојки, на база на камилица и невен, кои длабински негуваат.
