Годишното семе од цветно растеније, Нигела Сатива, се здоби со значајни својства. Често за црното семе се користат и други имиња од кои едно е Романски кориандер, црн сусам, црн ким, семе од лук. Најраните записи за употреба на црното семе е од антички Египет. Масло од црно семе е пронајдено во гробот на Тутанкамон, што датира проближно 3300 години пред нашата ера.
Во арапската култура, црното семе е познато како „Habbatul barkah“, што значи семе што просветлува. Се верува дека и муслиманскиот пророк Мухамед рекол „лекот кој лечи се освен од смртта“.
Истражувањата покажаа дека со употреба на црното семе имаме 40 здравствени придобивки, од кои дел од нив се фармаколошки:
- Аналгетик
- Анти бактериски
- Анти функални
- Антиоксидантни
- Антисептични
- Антивирални
- Бронходилататор
- Анти дијабетични
- Хепатопротективни – Заштита на црниот дроб
Бројот на придобивки е уште поголем. Интересно и значајно е што ова семе може позитивно да влијае на различни биолошки патишта.
Црното семе е истражувано и на специфични здравствени состојби. Дел од нив се:
- Дијабет тип 2
- Хелиобактериска инфекција
- Епилепсија
- Висок крвен притисок
- Асма
- Повреди со хемиски оружје
- Канцерозни заболувања
- МРСА
- Зависности од опијати
