Ќе сфатите дека е вистина кога велат дека најсилните отрови доаѓаат во најмали пакувања. Секако, најголемиот убиец на планетата, па ни во целата галаксија, човекот, овој пат нема да го спомнеме…
Џиновски азиски стршлен
На ова суштество е најдобро да не му се најдете на патот – најголемиот стршлен на светот е со големина на просечен машки палец. Ова „мало суштество“ лета со просечна брзина од 40 километри на час. Навистина, тешко дека би можел да улови пантер, но кога ќе ја земете во обѕир големината на неговото тело и крилјата ќе сфатите дека се работи за навистина голема брзина. Но, брзината не е единственото нешто поради што се нашол на оваа листа. Џиновскиот стршлен е изразито агресивно животно кое нема да се двоуми да ве забоде ако му се најдете на патот. Само еден убод е доволен за да предизвика смрт кај човек со просечна висина и тежина.

Це-це мува
Оваа мува успеа да преживее многу промени кои ја зафатија земјината топка во последните неколку илјади години. Пронајдени се фосили од оваа мува уште од времето на мамутите. Оваа африканска напаст е позната по тоа што ја пренесува на спиење. Ако помисливте дека би било добро да ве касне оваа мува, па добро да се наспиете, не сте во право. Освен неконтролираното спиење, оваа болест носи и колапс на бубрезите, но и многу невролошки проблеми.

Златна жаба
Иако е најпозната по својата специфична боја, не би требало да ја сфаќате како забава и да и’ се воодушевувате на нејзината убавина. Ова е најсмртоносната жаба на целиот свет, а живее во влажните подрачја на пацифичкиот брег на Калифорнија. Иако постојат многу видови кои се разликуваат по изгледот и отровноста, најотровна е таа со златна боја. Многу племиња го користеле нејзиниот отров за со него да ги намачкаат врвовите на нивните оружја кога оделе во војна. Една златна жаба во себе има доволно отров да убие десет возрасни лица, а повеќето живеат во групи од шест до десет жаби. Замислете што би можело да се случи ако наидете на една ваква „весела“ група!

Конусен полжав
Иако на прв поглед со ништо не покажува дека е смртоносно животно, а Французите сигурно би го приготвиле на 101 начин, овој полжав спаѓа во листата на најотровни жители на морето. Живее во подрачјето на Индискиот Океан, но понекогаш морската струја знае да го однесе и до Тихиот Океан. Својот плен го напаѓа така што се залепува за него и го боде со забите, преку кои потоа вбризгува отров. Жртвата останува парализирана во самиот момент. Но, постои и добра страна на овој полжав – неговиот отров се употребува за лекови против болки.

Бразилски банана пајак
Иако кога ќе се каже пајак луѓето прво помислуваат на тарантули и црни вдовици, овој пајак е многу пострашен и од нив. Тој предано ја брани својата територија и не се двоуми да го нападне било кој непријател, без оглед на неговата големина. Помал е од повеќето свои „сонародници“, но затоа е многу поотровен. Иако е многу опасно, гризнувањето на овој пајак има и добри ефекти: кратко после гризнувањето кај мажите се појавува ерекција која не поминува и по неколку часа. Затоа го добил името природна вијагра.

Коцкаста медуза
Медузите се познати по болката која ја предизвикува секој допир со нив, но оваа австралиска медуза е најсмртоносна од сите. На своите пипки долги и до три метри има отров кој го испушта на својот плен. А пленот го лови така што се мота околу него. Позната е и по тоа што е единствената медуза која има развиени очи, па запаметени се и неколку случаи кога ги следела луѓето крај брегот. Ако некогаш ве допре, за само неколку минути ќе останете парализирани и ќе се стопите. А ако успеете да преживеете, нападот ќе ви остави трајни лузни како потсетник за средбата со овој опасен мекотел.

